Актуелно

Грчка авиокомпанија сака да ја купи „Кроација ерлајнс“

Грчката „Иџијан ерлајнс“ соопшти дека е заинтересирана за купување на неколку авиопревозници во Југоисточна Европа, меѓу кои е и „Кроација ерлајнс“.

Потпретседателот на „Иџијан ерлајнс“, Ефтихиос Василакис, оваа недела рече дека на пошироко ниво превозникот има намера да ја зајакне својата регионална улога во Југоисточна Европа преку можни нови аквизиции.

Авиокомпанијата купи 51 процент од акциите на романскиот „Animavings“ во октомври минатата година.

Иџијан ерлајнс објави дека продолжува да ја разгледува можноста да и се приближи на Кроација ерлајнс, што потенцијално може да доведе до стратешко партнерство меѓу двете членки на Star Alliance.

Непосредно пред избувнувањето на ковид-19, Иџијан потврди дека поднел необврзувачка понуда за купување на хрватскиот национален авиопревозник. Следната фаза требаше да опфати директни разговори меѓу грчката авиокомпанија и хрватската влада. Сепак, процесот беше запрен во март бидејќи глобалната здравствена криза ги погоди секторите на авијацијата и туризмот, потсетува авијацијата Екс-ју.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во септември минатата година спомена дека преговорите меѓу двата превозници за договорот за стратешко партнерство ќе бидат обновени, но тоа допрва треба да се случи.

„Иџијан ерлајнс“ учествуваше и во претходниот обид за приватизација на Кроација ерлајнс, уште во 2015 година. Тој влезе во вториот круг преговори со тогашниот советник за приватизација, Меѓународната финансиска корпорација, но со промената на власта во Хрватска, приватизациската кампања на компанијата беше прекината, пренесува Независне новине.

На почеток