Македонија

Муареми доби кривична пријава од бизнисмен од Дебар

Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полиција доби кривична пријава од бизнисмен од Дебар.

Злоупотреба на службената положба и овластувања, насилство и малтретирање во вршење на службата се трите дела поради кои директорот на Управата за финасиска полиција Арафат Муареми добил кривична пријава од бизнисменот.

На некои медиуми на социјалните мрежи беше споделена првата страница од пријавата проднесена против Муареми. Од неа може да се види дека има архивски печат од обвинителството со кое раководи Русковска.

Оваа кривична пријава се објавува во исто време кога директорот Муареми поднесе претставка за незаконски претрес откако обвинителството на Вилма Русковска влезе во Финансиската полиција.

Според Управата за финансиска полиција, со наведените дејства е нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите нејзини вработени и на угледот и интегритетот на нејзиниот директор, како и „намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава”.

На почеток