Македонија

Претрес кај Пеце Мирчески, поранешниот директорот на СОЗР

Управата за Финансиска полиција денеска врши претрес кај поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи, Пеце Мирчески.

Претресот е во координирана акција на Управата за финансиска полиција и Обвинителството.

„Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.

Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија“, извести Обвинителството.

На почеток