Актуелно

ФОТО: Македонец загина во Црна Гора

Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 15 часот на магистралниот пат Подгорица – Цетиње, во местото Каменица кај Подгорица, во која загинал мотоциклист, државјанин на Северна Македонија, пишува „Вијести“.

Во несреќата учествувале два автомобили и мотоциклист, кој починал на лице место.

Според Полициската управа, починатиот живеел во Цетиње, а се движел кон Подгорица, а на главата немал заштитна кацига.

Поради полициска истрага сообраќајот на автопатот од Подгорица кон Цетиње беше во прекин, поради што се формираа колони од Подгорица кон Цетиње во двата правци.

На почеток