Свет

Евакуација на Доњецк, Зеленски издаде итна наредба

Украинската влада нареди задолжителна евакуација на Доњецк, источниот регион кој е место на жестоки борби со руските сили, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Доцна синоќа во телевизиско обраќање до јавноста, Зеленски рече дека стотици илјади луѓе кои се’ уште се во конфликтните зони во пошироката област на Донбас, исто така, мора да заминат.

„Колку повеќе луѓе го напуштаат Доњецк сега, толку помалку луѓе руската армија ќе има време да убие“, рече тој, додавајќи дека евакуираните ќе бидат обештетени.

„Многумина одбиваат да заминат, но тоа мора да се направи“, рече тој.

„Ако имате можност, ве молиме разговарајте со оние кои сè уште се во конфликтните зони во Донбас. Ве молиме убедете ги дека мора да заминат“, рече Зеленски.

Вицепремиерката Ирина Верешчук изјави дека евакуацијата треба да се изврши пред почетокот на зимата бидејќи се уништени резервите на природен гас во тој регион, пренесоа украинските медиуми. Верешук синоќа рече дека сите оние кои ќе одбијат да се евакуираат ќе мора да потпишат документ во кој ја преземаат целата одговорност за можните ризици.

На почеток