ВИДЕО: Сирени за узбуна во Митровица
Сирени за узбуна се слушаат во северниот дел на Митровица. Засега нема никакви информации за причините поради кои се активирани сирените. Од КФОР за косовските медиуми потврдиле дека ја следат ситуацијата.
Паралелно со ова, неколку десетици граѓани го блокираат патот Приштина-Рашка кај местото Рударе кај Звечани.
– Блокада на патот имаше во Зубин Поток кај Вараг и во Рудар. Се раширила лажна вест дека наводно општината ќе биде блокирана од специјални единици, што апсолутно не е точно и нема таква намера“ – велат од косовската полиција.
Од утре ќе почне да ја применува одлуката за пререгистрација на возила и за лични карти што предизвикува вознемиреност кај косовските Срби.