Свет

Драматично предупредување: Најголемата нуклеарна централа во Европа е целосно надвор од контрола

Рафаел Гроси, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, издаде драматично предупредување за најголемата европска електрана Запорожје, лоцирана во југоисточна Украина и окупирана од руските сили, велејќи дека нуклеарната централа е „целосно надвор од контрола“, пренесува Sky News.

Ситуацијата таму станува се поопасна секој ден, рече тој и ги повика Русија и Украина да дозволат експерти да го посетат комплексот за да се спречи нуклеарна несреќа.

„Секој принцип на нуклеарна безбедност е прекршен“, рече тој. „Заканата е исклучително сериозна и опасна“, додаде тој.

Тој укажа на гранатирањето во близина на електраната на почетокот на војната и продолжи да ги обвини Русија и Украина за напади врз СИ Запорожје.

Нуклеарната централа моментално е под контрола на Русија, но го задржа својот украински персонал, што доведе до несогласувања и, наводно, одредено насилство.

„МААЕ има одреден контакт со персоналот, но нерамномерен и проблематичен“, рече Гроси.

Тој рече и дека е прекинат синџирот на снабдување со опрема и резервни делови за нуклеарната централа, па Агенцијата не е сигурна дека АЕЦ Запорожје добива се што и треба.

„Кога ќе ги соберете овие заедно, имате каталог на работи што никогаш не треба да се случуваат во ниту еден нуклеарен објект“, заклучи тој.

На почеток