Актуелно

Лавров: САД намерно ја иритира Кина

По неговата портпаролка Захарова, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров се вклучи во најновата конфронтација меѓу САД и Кина во врска со посетата на шефицата на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван.

Лавров рече дека посетата е намерен обид на Вашингтон да ја иритира Кина.

„Не гледам друга причина да се создаде таква тензија речиси од ведро небо, знаејќи многу добро што значи тоа за Народна Република Кина“, рече рускиот министер за надворешни работи.

На почеток