Прва провокација од Бугарија за „Илинден“, европратеникот Ковачев го прогласи за бугарски празник

Од
Објавено на

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој доаѓа од ГЕРБ, го прогласи Илинден за бугарски Велигден. Ваквите антимакедонски ставови на Ковачев не се реткост, а провокациите се постојани. Тој сподели фотографија на која на бугарски е испишан натпис.
„Илинден, мајко, Илинден – за Бугарите Велигден. Да се потсетиме заедно!“, напиша Ковачев.
Веќе општопознато е дека Бугарија и бугарските политичари имаат проблем кога е во прашање македонската историја. Овие прашања се решаваат преку историскаста комисија, а јавноста има впечаток дека Бугарите сакаат да присвојат се што е македонско од историјата.
