Калифорнија во вонредна состојба поради мајмунските сипаници, откриле која група луѓе ги шират и како
Гувернерот Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во Калифорнија поради ширењето на вирусот мајмунски сипаници за да ги зајакне напорите за вакцинација на државата.
„Калифорнија работи итно на сите нивоа на владата за да го забави ширењето на мајмуните сипаници. Користиме робусни тестирања и следење на контакти за да се осигураме дека оние кои се најзагрозени се нашиот фокус како целна група за вакцини и третман“, рече Њусом.
Речиси 800 случаи на мајмунски сипаници се потврдени во Калифорнија, покажуваат најновите податоци објавени од Калифорниското одделение за јавно здравје. Според официјалните податоци, 98,3 отсто од случаите биле потврдени кај мажи, од кои повеќето припаѓаат на ЛГБТК заедницата. Вирусот најмногу се шири меѓу мажите кои имаат секс со други мажи и меѓу трансродовите луѓе и родовите небинарни луѓе.
Прогласот ѝ олеснува на државата да го координира одговорот на пандемијата и им овозможува на работниците од итната медицинска помош да спроведуваат вакцинации. Канцеларијата на Њусом објави дека Калифорнија дистрибуирала повеќе од 25.000 дози од вакцината, а досега се инјектирани вкупно 61.000 дози. Конкретно, во земјата има недостиг од вакцината Jynneos.
Канцеларијата на гувернерот соопшти дека повеќе од триесет установи и даватели на услуги низ државата нудат третман на мајмуни сипаници, иако пристапот до антивирусниот лек „тековиримат“ на рецепт е исто така ограничен.