Актуелно

Зеленски проговоре за Балканот

Украинскиот претседател Володмир Зеленски изјави дека однесувањето на Герхард Шродер е одвратно, откако поранешниот германски канцелар ја посети Москва минатата недела и тврдеше дека Русија сака да „преговара за решение на војната“, пишува Гардијан.

Украинскиот претседател ги даде коментарите во средата за време на неговото видео обраќање преку ноќ, откако Шродер изјави за германските медиуми дека нема за што да се извинува поради неговото пријателство со Владимир Путин.

Во своето последно видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски го критикуваше функционирањето на глобалната безбедносна архитектура.

Во тој контекст, тој укажа на конфликтните ситуации и заканите низ светот во последните денови, вклучително и на Балканот.

„Деновиве во нашиот информативен простор и на социјалните мрежи има многу извештаи за конфликтни ситуации и закани кои постојат во други географски области. Прво – Балканот, потоа – Тајван, сега можеби Кавказот… Сите овие ситуации изгледаат поинаку, иако ги обединува еден фактор, а тоа е дека не функционираше глобалната безбедносна архитектура. Да функционираше, немаше да има овој конфликт“, рече Зеленски.

На почеток