Актуелно

Најчевска за Џафери: Тоа е највисок облик на корупција и конфликт на интереси

Ќерката на претседателот на Собранието Талат Џефери, Бесиана Џафери Беќири е избрана во Надзорниот одбор на ЕСМ снабдување со топлинска енергијаа, едно од трите новофирирани друштва регистрирани деновиве со кои државните електрани ќе конкурираат за преземање на парното во Скопје.

Прва реакција има од професорката Мирјана Најчевска. Таа вели:

„Според мене детето, сопружникот, татко, мајка на ниту еден актуелен политичар не смее да биде член на управен или надзорен одбор. Тоа е највисок облик на корупција и конфликт на интереси“, напиша Најчевска.

На почеток