Коментари

Јавноста и суди на Вилма: „Која иронија, да се презиваш Русковска да бараш помош од САД“

Караниците меѓу шефицата на Обвинителството за гонење организинран криминал Вилма Русковска и директорот на Финансиската полиција Арафат Мауреми никако да запрат. Сите погледи се насочени кон оваа драма, која резултира и со кривични пријави, но и поплаки од Русковска упатени до странските амбасади.

Директорот Муареми вчера ја повика обвинителката Рускосква ако има со сознанија за сторен криминал, да ги докаже и да пласира обвинителен акт против него наместо да споделува неосновани информации.

Руковска отворено ги повика сите надлежни домашни и меѓународни институции „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и да се расчисти кој се бори против криминалот, а кој го прави криминалот.

Во писмото, таа побара во Македонија да дојде европската обвинителка Лаура Ковеши за да ги провери сите предмети на „нејзиното“ ОЈОГОКК, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и најновиот за Муареми.

Јавноста има свој суд за Русковска. Дел од пишувањата:

„Љубовната приказна на Ненси Пелоси потврди дека е поданик, а не жалба до судот, возврати Русковска“.

„Што кажа владата за случајот со Русковска и Муареми?“

„Од каде слобода – Русковска да бара помош од странците? Веројатно бара реванш, за услугите што тие од неа ги барале!“

„Откако си прават што сакаат и притоа никој ништо не им може, функционерите на власта меѓу себе ќе се изедат. Муареми и Русковска ја забављаат јавноста сега со своите сомнителни дејства, секој во својата област“.

„Која иронија, да се презиваш Русковска да бараш помош од САД“

„Никој не смее да и писне на Русковска се додека не налета на тврдиот орев ДУИ“

„Русковска се раскокодакала ко свекрва на селска чешма, а ја сметав за личност со интегритет и достоинство. Каков блам за обвинителството“

„Повикот на Рускоска за спас кон Американците, е злосторство против сопствената етимологија“

„Рускоска е Кавал од Раштиман Оркестар“

„Рускоска бара да се вклучат Сад и Еу. Муареми ќе ги бара чеченците“

„Од утре продолжува сагата со Вилма Рускоска и Арафат Муареми во главните улоги. Како стојат работите, Вилма ќе е трагичарот“.

На почеток