(ВИДЕО) Први снимки од страшната несреќа во Хрватска каде загинаа 11 лица: Расфрлани делови од автобусот, повредените ги изнесуваат на носилки
Автобус со полски регистарски таблички излетал од патот на автопатот А4 во правец кон Загреб, а според првичните информации загинале 11 лица, а 34 се повредени, јавуваат хрватските медиуми.
Timovi Crvenoga kriza Varazdinske zupanije u stanju su pripravnosti kako bi pruzili pomoc stradalim u stravicnoj prometnoj nesreci koja se jutros dogodila na autocesti A4 Zagreb – Gorican. U mislima smo sa svim stradalima i njihovim obiteljima. 🙏https://t.co/ZImlUjTIAi
— Hrvatski Crveni križ (@crvenikriz_hr) August 6, 2022
– 11 лица загинаа, а другите повредени се пренесени во болниците во Загреб и Вараждин. Интервенцијата е завршена, се уште има дежурни пожарникари, изјави жупанискиот противпожарен наредник Жељко Наѓ, пренесува Вечерњи лист.
Наѓ рече дека сите луѓе се извлечени од автобусот, а причината за несреќата се уште не е позната.
Според неофицијални информации, тешката сообраќајна несреќа настанала поради тоа што возачот заспал на воланот.
На првите фотографии и видеа од местото на несреќата се гледаат расфрлани делови од возилото и екипи на итната помош како на носилки ги извлекуваат повредените.
Сообраќајната несреќа се случила помеѓу Јарек Бишашки и Подворец, пренесува Вечерњи лист.
Ангажирани се неколку екипи на брза помош од Вараждинската жупанија и од Загреб.
Полицијата е на местото на настанот и врши увид, а екипи на Брза помош и пожарникари се во постапка на извлекување на жртвите.
Првите информации беа дека најмалку две лица загинаа, а 40 се повредени.