Шест години од поплавите во Стајковци каде загинаа 22 лица


Денеска се навршуваат 6 години од катастрофалните поплави коишто ги погодија Стајковци, Смилковци, Синѓелиќ и Арачиново, при што животот го загубија 22 наши сограѓани, а беше предизвикана огромна материјална штета.
„Се присетуваме на солидарноста и херојството од страна на граѓаните од целата држава, но не може, а да не се присетиме и на причините кои доведоа до ваквите последици – незаинтересираноста на тогашната власт за современа инфраструктура и безбедност на граѓаните.
Можам со задоволство да кажам дека денес сликата е поинаква, вложивме многу, а придобивките се евидентни за овие скопски места – отворена канцеларија за превенција, асфалтирани улици, чисти речни корита, нова водоводна мрежа, нова градинка во селото Стајковци.
Рамномерниот регионален развој и инвестирање во локалната инфраструктура се влог за безбедноста на граѓаните!
Никогаш да не се заборави и никогаш да не се повтори ваква трагедија!“, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
