Свет

Шок за православните верници: Патријархот Вартоломеј го потпишал документот од кој сите стравуваа

Само ден пред Божик, Цариградскиот патријарх Вартоломеј го потпиша декретот со кој се дава автокефалност на Украинската црква. Со ова тој го означи нејзиното отцепување од Руската православна црква.

Патријарховиот указ, познат како Томос, му е предаден на митрополитот Епифани, кој е на чело на оваа црква.
Денес на Божик во Киев, главниот град на Украина, поради ова ќе биде одржана голема прослава.
Цариградскиот патријарх кој го сметаат „прв меѓу еднаквите“, во православниот свет, истакна дека Украинците 7 века го чекале овој момент, и дека сега конечно можат да уживаат во овој подарок.

Томосот е потпишан во присуство на украинскиот претседател Порошенко и митролопитот Епифанија, кои за овој чин допатуваа во Истанбул.

Порошенко, кој на власт дојде после пучот во 2014 год, започна да бара независност на Украинската Црква уште во својата предизборна кампања.

Руската православна црква овој чин и отцепување го нарече „незаконско по канонските закони“со предупредување дека ова би можело да има разорен ефект помеѓу вековните врски на Москва и Киев.
Одлуката на Вартоломеј ја оспоруваат други праволавни цркви.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток