Свет

Орденот „Свети Александар Невски“ Путин ќе му го додели на Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ е одликуван со орденот Александар Невски, објави денеска пресс службата на Рускиот претседател, Владимир Путин.

Претседателот Путин денеска потпишал декрет за доделување на орденот.

– Александар Вучиќ се наградува за голем личен придонес во мултилатерната соработка со Руската Федерација, се наведува во соопштението на Кремљ.

Ова е најзначајното признание кое, по речиси сто години, му се доделува на Србин.

Орден „Свети Александар Невски“ имаат добиено и Милан Обреновиќ и Александар Караѓорѓевиќ, а последен пат му е доделен на Никола Пашиќ, кој ја водеше земјата за време на Балканските војни и во Првата светска војна.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток