(ВИДЕО) Борис Џонсон уловен додека пазари во грчки супермаркет
Британскиот премиер Борис Џонсон моментално е на одмор во Грција, каде мештаните го снимиле како купува намирници во близина на Атина.
Џонсон бил во супермаркет со сопругата Кери Симондс, а обезбедувањето ги гледало двајцата.
Политичарот со насмевка го поздрави лицето кое го снима, а јасно беше дека навистина ужива на одморот.
Продавницата во која се наоѓал се наоѓа во атинското предградие Неа Макри, кое не е далеку од куќата на неговиот татко Стенли. Борис Џонсон е обожавател на грчката култура и зборува старогрчки, а ова не е првпат британски политичар да биде забележан на одмор во Грција.
Пред да стане премиер, тој беше фотографиран на плажа на грчкиот остров Трикери во 2016 година.