Актуелно

Русија успеа да се обезбеди

Земјоделците во Русија собраа 78 милиони тони жито, што е доволно за да се обезбеди храна на земјата. Ова за РИА Новости го потврди Роман Некрасов, директор на Одделот за одгледување растенија на руското Министерство за земјоделство, пренесува Раша тудеј (РТ).

Тој посочи дека темпото на берба е брзо „и покрај тешките временски услови и другите предизвици“.

Руското Министерство за земјоделство претходно прогнозираше жетва на жито од 130 милиони тони оваа година, вклучително и рекордни 87 милиони тони пченица, и очекуваше извозот да достигне до 50 милиони тони жито.

Минатата година Русија собра речиси 121 милион тони жито, вклучително и околу 76 милиони тони пченица.

Министерот за земјоделство Дмитриј Патрушев минатата недела предупреди дека доцниот почеток со работа во неколку региони поради студената пролет и лошото време, заедно со одредени потешкотии во снабдувањето со странски компоненти за земјоделска опрема, создаваат ризици за постигнување на целта од 130 милиони тони.

Министерот, исто така, рече дека извозниот план од 50 милиони тони можеби ќе треба да се ревидира, што неминовно ќе влијае на глобалниот пазар на жито.

На почеток