Актуелно

Шолц: Сè ќе поскапи

Веднаш по објавувањето на новиот данок на гас, кој ќе ги зголеми сметките и за населението и за економијата во Германија, канцеларот Олаф Шолц вети дополнителни мерки за олеснување.

„Ние не оставаме никого зад себе со повисоки трошоци“, напиша канцеларот на Твитер во понеделникот попладне. Сепак, Шолц призна дека „сè ќе поскапи – цената на енергијата ќе продолжи да расте“.

Во меѓувреме, коалицијата на Шолц продолжува да разговара за дополнително олеснување.

Последната даночна реформа, која минатата недела беше претставена како предлог на министерот за финансии, Кристијан Линднер, наиде на критики од повеќе страни, како неповолна за посиромашните граѓани.

На почеток