Чочоровска до Русковска: Уништи животи за моќ, пари, лажна кариера – ќе лежиш во Шутка или Идризово


Станислава Чочоровска во 2007 година, заедно со Алија Азировиќ, возачот на камион во кој се превезуваа канти со поликолор, полни со дрога, беа осудени за организирање на транспортот на 486 килограми кокаин, за што добија казна затвор од 14,6 години затвор.
Вредноста на дрогата запленета на Блаце беше 92 милиони евра.
Оваа казна подоцна беше потврдена и од Апелациониот суд.
Тогаш тие тврдеа дека се наместени, а за нивната казна главна беше Вилма Русковска, која денес е суспендирана од својата позиција.
За сето ова не и остана должна Чочоровска, која на социјалните мрежи напиша:
-Така е кад се курчиш ќурко, а не знаш да летиш. Секое зло се враќа…уништи животи за моќ,пари,лажна кариера, алавост, ку*чење, па*авро на секоја власт. Полуписмена тупава незналицо од зло и завист саткана. Пи*аницо. П*чка ти материна твоја, ќе преноќиш во Шутка или Идризово и ти, ќе ти дојде редот како на сите што мислевте дека сте газди на туѓи животи да правите што сакате!
