Се частело за суспензијата на Вилма Русковска: „Ајде и притвор да си исчекаме!“


И частење имало за суспензијата на Вилма Русковска. Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит, дел од протестите „За Заедничка Македонија“ по кои следуваше и упадот во Собранието на 27-април, за кои беше обвинет, на обвинителката и посака: „Ајде и притвор да си исчекаме! И за неа и за тие што ја затвораат бидејќи се исти го**а. Среќен ден, ќе се пие, ќе се пие!“.
Илиевски имаше и втор статус, каде споделуваше дека пие пиво во име на суспензијата на обвинителката.
Тој ги праша неговите следачи: „Која е разликата меѓу мене и Вилма? Јас сум убав, вработен и веќе одлежав“.
Инаку, Русковска е суспендирана поради кривичната постапка која се води против неа за претресот во Финансиската полиција.
