Златниот пресек како критериум: Ова е најубавиот град на светот


На страницата „Online Mortage Advisor“ објавена е студија во која се проучуваат историските делови низ Велика Британија, но се анализирани и остатоците од светот и најпознатите градби и архитектура на градовите. Научниците ги пресметале пропорциите на најдолгите и најкратките градови и нивните димензии и ги споредиле со златниот пресек и заклучиле кој град во светот е најубав.
Според процентот во кој убавината на градовите се поклопува со златниот пресек, архитектите заклучиле дека со 83,7 отсто најубав град во Велика Британија е Честер, а потоа следат Лондон, Белфаст и Ливерпул.
Откако пресметале кој е најубавиот град во Велика Британија, се обиделе да пронајдат кој е најубавиот град на светот
Се разбира, убавината е во окото на гледачот и ова треба да се сфати како забавна статистика, а не како причина за ривалства.
Но на ова „натпреварување“ би победила Венеција со 83,3 отсто, а потоа следуваат Рим, Барселона и Прага.
Њујорк е на петтото место, а потоа следат Атина, Будимпешта, Виена, Бордо и Милано.
