Магазин

(ВИДЕО) Помалку позната плажа во регионот до која е тешко да се стигне, туристите тврдат дека е вистински рај

Плажата Ферал е помалку позната локација во единствениот приморски град во Босна и Херцеговина и се наоѓа на приближно седум километри од централната плажа.

За да стигнете до оваа локација ќе ви бидат потребни дванаесет минути, според Google Maps, а таму ќе ве пречека плажа со камчиња, маслинови дрвја и палми со лежалки.

Бидејќи плажата е малку подалеку, на неа ретко ќе најдете гужва, а природната средина е идеална за релаксација.

Плажата Ферал има и дрвени куќички во кои можете да преноќите со поглед на морето.

До плажата има ресторан, па оние кои ќе дојдат на еднодневно капење можат да побараат освежување. Во последниве години таму доаѓаат се повеќе туристи кои тврдат дека тоа е вистински мал рај изолиран од остатокот од светот.

На почеток