Коментари

Коментар на денот за Жан Митрев по „поддршката“: „Има еден израз: Кризен ПР, треба да е ужасно добар, а не ужасно глуп“

Пациенти кои се лекувале во клиниката Жан Митрев, испратија меил до медиумите. Тие велат дека во писмото кое го испраќаат ја искажуваат висината која ја доживеале за време на лекувањето од ковид.

„Почитувани новинари, ви го испраќаме писмото со кое ја искажуваме нашата вистина што ја доживеавме лично при лекување од Ковид во клиниката Жан Митрев. На ова писмо сме потпишани околу 15, а поддршката ја дадоа уште повеќе пациенти кои дополнително ќе се потпишат“, стои во меилот.

Новинарот Кристијан Ландов на социјалните мрежи реагираше во врска со овој меил. Тој вели дека поддршката за Жан Митрев е класичен ПР.

„Нема дилема дека „поддршкава“ за Жан Митрев (К) е класичен ПР.
Прес со пациенти (кои за иницијативата дознале од цимери со кои се лекувале, а цимерите не дошле на пресот), најава до медиуми на мејл (има стара мејл листа во која е и овој мој мејл и се користи од агенции), нервоза на пациентот дојден да фали додека му ја ругаат фабриката, недавање на конкретни одговори и тн.

Патем, ја уште не знам и како се чувствувале овие загрижени пациенти додека ги слушаа сведоштвата за пациентите кои починале во клиниката, зошто се решиле да го поддржат, што било пресудно, особено, зошто го поддржале ако (како што кажаа платиле 10.000 евра) услугата е платена со енормно висока сума на пари.

Има еден израз: Кризен ПР.
И една поука: Треба да е ужасно добар, а не ужасно глуп.
Гадно. Исто ко Северна“, вели тој.

На почеток