Коментари

“Она само шљака асфалт кај стаса и си се шетка со зелени ф’станчиња”, нова шлаканица за Данела од Јоци

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска уште во вториот месец си направила рејтинг нула.

„Она само шљака асфалт кај стаса и си се шетка со зелени ф’станчиња, какво метро какви бакрачи…и дилеми сум дали сабајле сама си врзува и врвки на чевли.
И меѓу две шљакања асфалт, разни мрмотчиња – и` праат филмови дека јас сум платена да ја пишувам⁉️
Демек она толку е јака ,,ѕвезда” обожувана од скопјани, да некој плаќа за неа!

Пошто јбг, сите биле ,,платени” кои ќе ја спомнат у било кој контекст, а она ко вмровски играч и потписник на тендерчиња и трошење на 90 мил.евра Буџет во корист на таа партија – била моминска солза.
И изгледа Градон си го мисли приватна фирма каде ќе си качи нозе на маса и никој не смее да ја чепне плавушува, а Петре смеевме и да го тегнеме за коса кога правеше глупости!

Оваа не ни конта дека уште вториот месец си направи рејтинг нула и гази длабоко под нула, а со тоа се прегазуваат самите ВМРО и дека скроз никој не ја есапи за опасност за да ,,плаќа”.
А, вмровци кои бараат предвремени избори, подобро да не ги најдат, пошто со оваа плавушов рејтингот им е катастрофа во Скопје“; вели Јоци.

На почеток