Коментар на денот: „Некој кој има моќ им ветил на Албанците дека правилата што важат за другите, нема да важат за нив“


Иљче Затарковски на социјалните мрежи објави сттус во кој вели дека некој на Албанците им ветли дека правилата кои што важат за другите нема да важат за нив.
„Јас сум 100% сигурен дека да можат огромен дел Македонци, Турци, Роми, Срби, Власи…не би плаќале струја. Сиромаштијата има чудна моќ да те натера да се прилагодиш за да преживееш.
Ама во случајов, апсолутното мнозинство од неплаќачите во Арачиново се Албанци. И не се неплаќачи затоа што се Албанци, туку затоа што некој, кој има моќ да вети, им ветил дека правилата што важат за другите, нема да важат за нив.
Е па, драги пријатели со широки сфаќања, “тој, некој” е проблемот и “тој некој” го кењаме, не Албанците. Пошо “тој некој” вработува неспособни за да му бидат лојални, договара матни и тајни зделки што ги плаќаме сите за да купи уште некој ден во фотелја и на “тој некој” му правите колоноскопија секогаш кога релативизирате и дефокусирате. И утре, “тој некој” ќе си се пензионира со милионите и ќе ви се моча на глава, а вие ќе си останете никој и ништо“, стои во објавата.
