Свет

Британија: Руските генерали и војници го исмеваат Шојгу за неговото неефикасно управување со текот на војната

Британските разузнавачи објавија нова дневна анализа за војната во Украина.

Според последните извештаи на независните руски медиуми, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу завршил на маргинална позиција во раководството на Русија поради проблеми на бојното поле во Украина, а Путин е директно информиран за текот на војната од оперативните команданти, соопшти британското Министерство за одбрана во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина.

„Руските генерали и војници со искуство на терен веројатно, за време на слабиот напредок на бојното поле, го исмевале Шојгу за неговото неефикасно управување со текот на војната“, пишува Министерството.

„Рускиот министер за одбрана долго време се бореше против својата репутација поради значителен недостаток на воено искуство, бидејќи поголемиот дел од својата кариера го помина во градежниот сектор и Министерството за вонредни ситуации“, додава тој.

На почеток