„Очекувам Русија да ги почитува договорите, ЕУ е подготвена да реагира“, вели Џентилони
Европскиот комесар за економија Паоло Џентилони изјави дека ЕУ очекува Русија да ги почитува договорите за енергетски производи кои беа договорени претходно.
Сепак, тој рече и дека ЕУ е подготвена да се соочи со предизвици доколку Москва не ги исполни своите обврски.
Коментирајќи го исклучувањето на „Северен тек 1“, Џентилони им рече на новинарите дека „очекува Русија да ги почитува договорите што ги има“, објави Ројтерс.
„Сепак, доколку енергетските извори се користат за политичко-воени цели, ЕУ е подготвена да реагира“, рече Џентилони на форумот Амброзети во северна Италија.
Претходно руски „Газпром“ објави дека денеска ќе испорача 42,7 милиони кубни метри природен гас во Европа преку Украина, што е нешто повеќе од петокот, соопшти рускиот гигант неколку часа по објавувањето дека испораките преку гасоводот „Северен тек 1“ се прекинати. до понатаму поради дефект на турбината.