Магазин

(ФОТО) Грчки остров со примеси на Италија

Овој бисер на Додеканезите има многу забележливо убаво модерно италијанско влијание од 20 век, но и класичен грчки репертоар на тајни плажи и секојдневни таверни. Се наоѓа на само неколку километри од Турција.

Островот Лерос припаѓа на додеканеската група, а се наоѓа помеѓу Патмос и Калимнос. Самото име доаѓа од зборот „лерос“ што значи „ниво“. Според легендата, божицата Артемида била заштитничка на Лерос во античко време. Сите археолошки откритија докажаа дека историјата на островот започнала во неолитскиот период. Претежно е надвор од туристичките карти, што е штета, бидејќи има се што сакаме од грчки остров – рибарски села, урнатини, како и модерна историја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leros Island (@lerosisland.gr)

Овој грчки остров е остров со навестување на Италија, а за сето тоа е виновен Мусолини.

Италијанците ги држеле Додеканезите во нивна сопственост по Итало-турската војна, а Мусолини подоцна вложил многу на островот Лерос за да го направи база на неговите империјални амбиции. Така се создал голем комплекс и нов главен град, кој практично изникнал од мочуриште полно со комарци. Портолаго ги претставува сите аспирации на италијанскиот народ кој сакал на најдобар начин да ја претстави својата култура во тој дел од Медитеранот.

Овој модел на град е еден од најдобрите примери на рационалистичка архитектура надвор од Италија и останал главно недопрен до ден-денес. Широки булевари, величествени куќи за елитата, станбени блокови за граѓаните и пазарите сè уште се таму.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leros Island (@lerosisland.gr)

Лерос според многумина е еден од последните недопрени и вистински грчки острови. Локалните жители љубоморно ја чуваа и сочуваа неговата природна убавина. Таму можете да најдете прекрасни плажи со кристално чисти води и недопрени пејзажи со борови шуми и маслинови насади. Токму затоа Лерос е посебен, на островот доаѓаат туристи кои сакаат мирен одмор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leros Island (@lerosisland.gr)

Жителите на Лерос се многу пријателски расположени и речиси и да нема разлика помеѓу односите меѓу семејството и пријателите. Со нивното гостопримство, тие едноставно ги покануваат сите луѓе и споделуваат со нив се што имаат. Тие се многу весели, топли и со отворено срце, и секогаш подготвени за танцување!

Секоја година на Лерос се одржуваат бројни настани. Се одржуваат концерти, морски трки, изложби и други културни и забавни активности во кои учествуваат и излагачите и посетителите. Покрај тоа, Лерос е познат и по интересниот ноќен живот и одличната медитеранска кујна и специјалитети.

Фото: Greektravel

На почеток