Магазин

Барак Обама ја освои наградата Еми

Поранешниот американски претседател Барак Обама ја доби наградата Еми на американската телевизија како најдобар водител во документарната серија „Нашите големи национални паркови“, објави во саботата вечерта Американската телевизиска академија.

Церемонијата на доделувањето на Еми наградите е закажана за 13 септември, но некои награди се доделуваат порано.

Обама е вториот американски претседател кој доби Еми. Двајт Ајзенхауер ја доби наградата пред него во 1956 година.

Откако ја напушти претседателската функција во 2017 година, Обама напиша мемоари заедно со неговата сопруга Мишел. Двајцата основаа непрофитна фондација и основаа продукциска куќа која потпиша договор со Нетфликс вреден неколку десетици милиони долари.

Покрај наградите „Еми“ и „Греми“ за аудио верзиите на неговите мемоари „Смелоста на надежта“ и „Соништата од татко ми“, Обама од 2009 до 2017 година, ја доби и Нобеловата награда за мир.

Тој ја доби таа награда по победата на претседателските избори во ноември 2008 година, за „исклучителните напори за зајакнување на меѓународната дипломатија и соработката меѓу народите“.

На почеток