Протест пред Собранието на Република Македонија додека траеше седницата за уставни измени за договорот од Преспа, која е одложена за во 16 часот.
Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.
Протестот како што велат организаторите ќе трае до полноќ.
Од „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“ истакнуваат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство“.