Оштетен далновод на нуклеарната централа во Запрожје
Од
Објавено на
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека вчерашното гранатирање оштетило резервен далновод во нуклеарната централа Запорожје (ЗНПП) во Украина, која веќе ги загубила сите четири редовни далноводи.
Ројтерс наведува дека украинските оперативци ги информирале експертите на МААЕ, кои се присутни во нуклеарната централа од минатата недела, дека една од трите резервни линии меѓу ЗНПП и термоцентралата сега е оштетена од гранатирање, додека другите две се исклучени.