Магазин

„Земјо моја исконска, кој толку те испусти, и кој се плаши името да ти го изусти“, Џамбазов со стихови го честиташе празникот

Игор Џамбазов, на својот Инстаграм профил го честита големиот празник – Денот на независноста.

Честит празник, Македонијо моја!, напиша тој споделувајќи стихови за нашата татковина.

„Земјо моја мистична и волшебна,
дива и егзотична,
баксузна, ама посебна,
хаотична и невротична.
Земјо моја библиска,
со многу богови паднати на главата.
Земјо моја исконска,
со ѓаволи што ти ја крадат славата.
Кој така ти пресуди, кој толку те испусти?
И кој се плаши името да ти го изусти?
Еве, јас не се плашам, и не се срамам,
и длабоко в срцето ќе те врамам.
Ќе се качам на Кораб горе, највисоко,
па ќе викнам силно: МАКЕДОНИЈО!!!
И дури очиве ми гледаат,
да те гледам среќна, МАКЕДОНИЈО!!!“, напиша Џамбазов.

На почеток