(ВИДЕО) Земјотрес ги погоди островите Закинтос и Кефалонија: Затворена позната грчка плажа
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди грчките острови Закинтос и Кефалонија.
Геодинамичкиот институт од Атина соопшти дека подводниот земјотрес се случил вчера во 10 часот и 36 минути на околу 57 километри југозападно од Ликсури во Кефалонија во Јонското Море и дека земјотресот бил почувствуван во голем дел од западна Грција.
Противпожарните и спасувачките служби соопштија дека нема извештаи за материјална штета или повредени од земјотресот.
Како што јавија грчките медиуми, поради земјотресот дел од карпата на популарната плажа Навагио на Закинтос паднала во морето.
На видеата кои кружат на социјалните мрежи може да се види прашината која се крена откако дел од карпата падна во вода, како и дека на некои капачи не им е грижа што гледаат, па продолжуваат да пливаат.
Грчките власти одлучија да ја затворат оваа плажа до понатамошно известување, пишува репортер Грик.
Областа е евакуирана, а на туристите и чамците им е забрането да стигнат до плажата.
Да потсетиме, ова не е прв пат плажата да биде затворена поради истата причина. Имено, во 2018 година се случи и свлечиште, кога седум лица беа повредени, а на ист начин реагираа и грчките власти со затворање на плажата.