„Таа беше голем дел од мојот живот“: Познатите се простија од кралицата Елизабета Втора
Британската кралица Елизабета Втора почина вчера на 97-годишна возраст во својата резиденција во Балморал. Цел свет тагува за нејзината смрт, знамињата ширум Велика Британија се спуштени на половина копје, постојано пристигнуваат реакции на оваа тажна вест.
Еден од нив секако е музичарот Елтон Џон, кој со децении е близок пријател на кралското семејство. По веста за смртта на кралицата Елизабета Втора, тој се огласи на Твитер.
„Како и остатокот од нацијата, јас сум длабоко тажен од веста за смртта на нејзиното кралско височество, кралицата Елизабета“, започна Елтон.
Како што напиша тој, таа беше „инспиративно суштество кое достоинствено ја водеше земјата низ некои од најубавите, но и најмрачните моменти“.
„Кралицата Елизабета играше важна улога во мојот живот од детството до денес и многу ќе ми недостига“, напиша меѓу другото музичарот.
— Elton John (@eltonofficial) September 8, 2022
Почит на британската кралица и оддаде и фронтменот на групата „Ролинг Стоунс“ Мик Џегер.
„Целиот мој живот Нејзиното Височество кралицата Елизабета Втора секогаш беше таму. Се сеќавам дека како дете ги гледав нејзините свадбени моменти на телевизија. Ја паметам како прекрасна млада дама, до саканата баба на нацијата. Мое најдлабоко сочувство до кралското семејство, “ напиша тој на Твитер.
For my whole life Her Majesty, Queen Elizabeth II has always been there. In my childhood I can recall watching her wedding highlights on TV. I remember her as a beautiful young lady, to the much beloved grandmother of the nation. My deepest sympathies are with the Royal family. pic.twitter.com/3JLILZDKwK
— Mick Jagger (@MickJagger) September 8, 2022
Од кралицата на својот Твитер се прости и поранешниот фронтмен на групата „Black Sabbath“ Ози Озборн.
„Со мојата земја жалам за смртта на нашата најголема кралица. Со тешко срце велам дека е поразително да се размислува за Англија без кралицата Елизабета Втора“, напиша тој.
I mourn with my country the passing of our greatest Queen. With a heavy heart I say it is devastating the thought of England without Queen Elizabeth II pic.twitter.com/JZYXGRz2hb
— Ozzy Osbourne (@OzzyOsbourne) September 8, 2022
Една од актерките што го толкуваше ликот на кралицата Елизабета на големото платно беше Хелен Мирен, која во 2006 година го доби Оскарот за најдобра актерка за улогата во биографскиот филм „Кралицата“.
Таа ја нарече кралицата Елизабета Втора олицетворение на благородништвото и призна дека е горда што е „Elizabethan“.
Поранешниот претседател и поранешната прва дама на Америка, Доналд и Меланија Трамп испратија заедничка изјава во која ја изразија својата тага поради смртта на британскаата кралица Елизабета Втора. Велат дека секогаш ќе го ценат времето што го поминале со британската владетелка, која ќе ја паметат по големото пријателство, мудроста и смислата за хумор. Нејзиното наследство е огромно, истакнуваат тие.
„Каква убава и голема дама беше – никој не беше како неа“, се вели во соопштението.
Доналд Трамп и порано и упати слични зборови на кралицата.
„Денес е многу тажен ден не само за нашата земја, туку и за целиот свет. Многу сум тажна поради смртта на нашиот сакан монарх, Нејзиното Височество кралицата. Таа ќе остане запаметена по нејзината непоколеблива лојалност и служење, а моите мисли се со кралското семејство во овој неверојатно тажен момент“, напиша модната дизајнерка Викторија Бекам.