(ВИДЕО) Кралицата Елизабета во 1972 година ја посети Југославија: Тито и Јованка ја воодушевија


Над сите очекувања, кралицата Елизабета во Југославија наиде на одличен прием и на маса обожаватели.
Иако во тоа време Југославија беше крајно лево ориентирана, тоа не ја спречи кралицата Елизабета да ја прифати поканата на тогашниот претседател Јосип Броз Тито и да оствари официјална посета во 1972 година.
Кралицата Елизабета Втора слета на белградскиот аеродром во придружба на нејзиниот сопруг принцот Филип и принцезата Ана. Приемот, иако англиските медиуми беа скептични, беше фантастичен. Репортер од Асошиетед прес ја следеше англиската делегација и направи историски фотографии.
Толпата срдечно ја пречека кралицата, а Тито и Јованка, одлично се снајдоа во улогата на домаќини.
Во чест на англиската кралица, Броз потоа одржа говор во кој апострофира дека за целата планета, без разлика на политичкиот систем и партијата на власт, најважен е мирот и повика сите жаришта на војната да бидат згаснат и проблемите да се решаваат со дијалог.
Англиските медиуми од тоа време велат дека кралицата Елизабета била фасцинирана од толпата што ја пречекала и од топлиот прием како од обичните луѓе, така и од претседателот и неговата сопруга, кои дале се од себе нејзината прва посета на Југославија да биде убав спомен.
Foto: Profimedia
