Свет

Уште една земја против: „Колку и да е болно, зависиме од рускиот гас“

Австрија во моментов не може да гласа за предлогот на Европската комисија за воведување ограничувања на цената на рускиот гас.

Ова го соопшти Министерството за енергетика на Австрија по повод состанокот на министрите за енергетика на ЕУ.

Министерството соопшти дека се работи пред се за санкции, а не за енергетско политичко прашање.

„Колку и да е болно, ние сепак сме зависни од рускиот гас“, нагласува Виена.

Министерството првите предлози на Европската комисија ги оцени како чекори во вистинската насока.

Министерката за енергетика Леоноре Гевеслер на средба со колегите од земјите членки на ЕУ ќе побара да се намали цената со паметни мерки за намалување на потрошувачката на струја.

На почеток