Актуелно

Зеленски: Украинските сили ослободија десетици населби и вратија 1.000 квадратни километри територија

Володимир Зеленски објави дека украинските сили „ослободиле десетици населби“ и повратиле 1.000 квадратни километри територија на исток и југ од 1 септември.

Во својот говор во четвртокот, Зеленски објави и видео во кое украинските војници изјавуваат дека го зазеле градот Балаклија кај Харков, вториот по големина град во Украина, пренесува Ројтерс.

Според британската агенција, видеото објавено на страницата што собира украински вести покажува дека руските сили оставиле зад себе камиони, артилерија и муниција.

Претходно, висок украински функционер, генерал Алексеј Громов, објави дека украинските вооружени сили напреднале близу 50 километри кон руските линии и дека „вкупната територија вратена под украинска контрола во правец на Харков и реката Јужни Бух е повеќе од 700 квадратни километри“.

Громов рече дека украинските војници напредувале до 3 километри на фронтот Славјанск на исток и го вратиле селото Озерне.

Ова е првпат Киев да ги објави деталите за својата контраофанзива од минатата недела за да не го загрози понатамошниот тек на операцијата, наведува Ројтерс.

На почеток