Општина Центар ќе си врати 96 милиони денари од фирмата „Пелагонија“ од Гостивар поради кои лани летото ѝ беше блокирана сметката, ова го соопшти денеска на пресс конференција градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
“Со оваа одлука, конечно општината доби правна разрешница на овој предмет, кој минатата година доведе до блокирање на сметката на општината. Врз основа на Решението на Врховниот Суд, АД ‘Пелагонија’ на Општина Центар треба да ѝ го врати целиот износ, односно вкупно 94.482.306 денари. Парите кои ќе бидат вратени назад во општинската каса ќе бидат пресраспределени во програмите за работа на општината. Продолжуваме со расчистување на затекнатите судски пресуди, а во текот на годината очекуваме уште неколку вакви судски одлуки“, изјави градоначалникот Богдановиќ.
Поради нејасни, побивани пресуди и недоволно образложени причини за решителни факти, а согласно членот 343 став 2 точка 14 од Законот за парнична постапка, Врховниот Суд на РМ утврди дека АД “Пелагонија“ во предметот поврзан со изградба на катна гаража кај зградата на Нова Македонија, на Општина Центар треба да ѝ ја исплати целосната сума за која беше оштетена општината, во висина од 94.482.306, 00 денари.