Актуелно

(ФОТО) Место каде се судираат две реки: Забрането е пливање

Дали знаевте дека реките Рона и Арв се спојуваат во Женева? Спектакуларната глетка на средбата на две сосема различни реки е уште една посебна причина да се посети вториот по големина швајцарски град.

Сцената најдобро се гледа од железничкиот мост La Jonction, кој е оддалечен околу 40 метри од овој природен феномен…

Ако ја погледнете фотографијата од нивната спектакуларна средба, веднаш ќе забележите дека Рона се карактеризира со изразито темно сина боја, која ја има поради водата што извира од глечерите на швајцарските Алпи.

Од друга страна, Арв носи голема количина тиња, поради што има светло кафена боја. На крајот од мостот во Женева, на пристаништето, реките се спојуваат, а Арв на крајот се влева во Рона.

Скокањето од мостот заради освежување и пливање е апсолутно забрането.

Фото: spottedbylocals.com

На почеток