Актуелно

Кралицата Елизабета само еднаш го прекршила кралскиот протокол, прв и единствен пат и се поклонила на друга личност

Кралицата Елизабета Втора само еднаш го прекршила кралскиот протокол и постапила по сопствена дискреција, а тоа се случило во 1997 година на погребот на принцезата Дајана, првата сопруга на нејзиниот наследник, кралот Чарлс Трети.

Кога ковчегот на покојната принцеза Дајана, која трагично почина на 31 август во Париз, на нејзиниот погреб во Лондон помина покрај вратата на Бакингемската палата пред која стоеше целото кралско семејство, Елизабета Втора ја наведнала главата и се поклонила. Тоа било прв и единствен пат кралицата да се поклони на друга личност, а со тој чин ѝ оддала почит на Дајана.

Ковчегот на принцезата потоа продолжил кон Вестминстерската опатија. Бил обложен со кралското знаме. Дописникот на Би-би-си, Дејвид Димблби, известувајќи од Лондон, истакна дека потегот на кралицата е уште едно отстапување од протоколот.

Ќерката на кралицата Елизабета Втора, принцезата Ана, во интервју во 2017 година, кое беше објавено само по смртта на нејзината мајка, исто така ги коментирала нејзините отстапки по ужасната несреќа на Дајана. Таа изјавила за ITV дека кралицата ја направила вистинската работа со тоа што останала во Балморал со принцот Вилијам и Хари во деновите по смртта на нивната мајка.

„Мислам дека мајка ми ја направи вистинската работа. Секој родител верува дека не е алтернатива да се донесат децата во Лондон во тоа време. Не знам кој би можел да помисли дека тоа е опција. Вака беше подобро“, рече таа, а сестрата на Дајана, лејди Сара Мекоркудал, се согласила со неа.

„Да сум на нејзино место, би го направила истото. Зошто да ги донесам во Лондон? Зошто да не им дадеме шанса да го преболат почетниот шок кој го потресе целото семејство?“, изјавила сестрата на принцезата Дајана.

Во тоа време кралицата Елизабета Втора се соочила со многу критики за престојот на имотот во Шкотска, бидејќи во тоа време во Лондон владеела јавна жалост поради сообраќајната несреќа во која загина Лејди Ди. Принцот Вилијам тогаш имал 15 години, а принцот Хари 12 години.

Кралицата Елизабета Втора беше најдолготрајниот британски монарх. Таа седеше на тронот цели 70 години.

На почеток