Иако градоначалникот Шилегов пред почетокот на зимата најави дека Зимската служба на Град Скопје е подготвена, сепак тоа не изгледа така на терен.
Сообраќајот во Скопје од утрово се одвива отежнато поради врнежите од снег. Возилата се движат бавно и внимателно поради лизгавите улици. Со исти проблеми се соочуваа и граѓаните кои се движеа по тротоарите.
