Магазин

Nvidia ги претстави GeForce RTX 4080 и RTX 4090

Познатата компанија ветува два до четири пати подобрени перформанси во однос на RTX 30XX моделот.

На чекањето му дојде крај. Компанијата Nvidia официјално ги претстави GeForce RTX 4080 и RTX 4090 графичките картици, изработени на Ada Lovelace архитектура од новата генерација.

GeForce RTX 4090 беше ѕвезда на вечерта и го претставува најдоброто што Nvidia во овој момент може да им го понуди на купувачите. Се испорачува со неверојатни 24 GB GDDR6X меморија, а компанијата тврди дека е два до четири пати побрза од RTX 3090 Ti, како и дека ќе троши иста количина на енергија како претходната генерација GPU – Nvidia препорачува напојување од најмалку 850 W доколку користите компјутер со Ryzen 5900X процесор. Во вантрешноста на оваа џиновска картица се наоѓа 16.384 CUDA јадро, брзина на такт од 2,23 GHz (boost до 2,52 GHz). RTX 4090 пристигнува на 12 октомври, а препорачаната цена е 1.599 долари.

Исто така, Nvidia ја претстави и RTX 4080, односно два модела од оваа графичка картица – една со 12 GB GDDR6X и друга со 16 GB GDDR6X меморија. Компанијата тврди дека и овие две се два до четири пати побрзи од нивниот претходник (RTX 3080 Ti), а почетната цена е 899 за моделот со 12 GB меморија и 7.680 CUDA јадро, брзина на такт од 2,31 GHz (boost до 2,61 GHz).

Сепак, RTX 4080 моделот со 16 GB не претставува само скок во меморијата – доаѓа со 9.728 CUDA јадро, брзина на такт од 2,21 GHz (boost до 2,51 GHz) и ќе чини 1.199 долари. Препорачаното напојување е најмалку 700, односно 750 W. Се очекува овие два модела да се појават на пазарот во ноември.

Премиерата на новите графички картици се фокусираше на Founders Edition, сопствената картичка на компанијата Nvidia, но таа ќе се продава заедно со картичките од другите партнери како што се Asus, Gigabyte, MSI, PNY и Zotac. Нажалост, не треба да се очекува EVGA RTX 40XX GPU затоа што компанијата неодамна најави дека ја прекинува долгогодишната соработка со Nvidia.

RTX 4080 и RTX 4090 ќе бидат поддржани од најновата Deep Learning Super Sampling технологија, односно DLSS 3, која се заснова на DLSS Super Resolution технологија, но со додадена Optical Multi Frame Generation како би се створиле потполно нови кадри и значително би се забрзала FPS при играњето игрици кои се ограничени од перформансите на процесорот.

Иако графичките картици се поевтини во пресрет на „крипто зимата“, останува да видиме дали повторно ќе има проблем со цените и достапноста, особено ако земеме предвид дека мрежата Ethereum премина на нерударски протокол.

На почеток