Коментари

Коментар на денот: Лесно е да истеруваш демони од луѓе, пробај да ги истераш ДУИ од Влада

Социјалните мрежи „вријат“ откако самопрогласениот исцелувач Константин Тино Кајшаров го најави својот настан во Скопје, претстојната сабота.

Имено, во неговата обајава на Фејсбук се наведува дека оваа сабота во Скопје од 18 часот ќе организира „ослободување од демони, од проклетства и маѓии“. Каде не е познато, но има оставено телефонски број на кој секој заинтересиран може да се пријави, а овој перформанс е бесплатен.

На Фејсбук, Спасија Бежановска објави статус преку кој му се обрати на Кајшаров.

„Кајшаров, лесно е да истеруваш демони од луѓе, пробај да ги истераш ДУИ од Влада“, стои во објавата.

На почеток