Извештај на ФБИ: Албанија била нападната 14 месеци
ФБИ и Американската агенција за кибернетска и инфраструктурна безбедност (CISA) објавија извештај за иранските сајбер напади врз Владата на Албанија.
Според извештајот, хакерите биле присутни во албанскиот систем 14 месеци и вклучувале деструктивен „малициозен софтвер“.
Сајбер-безбедносниот гигант „Мандиант“ за Албанска пошта изјави дека хакери ги избришале владините податоци од системот, што албанската влада претходно го демантираше и ја информираше јавноста дека податоците не се избришани, бидејќи системот не функционира така и ги зачувува сите документи.
Шефот на анализата за сајбер шпионажа на Мандиант, Бенџамин Рид, чиј тим следи и известува за шпионски групи од Кина, Русија, Северна Кореја и многу други земји, објасни дека во извештајот на ФБИ се споменува „голема количина на податоци кои биле избришани од владината мрежа”.
Рид нагласи дека е тешко да се каже колкав е целокупниот обем на нападот.
„Врз основа на она што го кажува извештајот, јасно се сугерира дека напаѓачите имале пристап до голем дел од мрежата“, рече Рид.