Србин упасен во Италија, удирал полицајци со тупаници и нозе, а сакал да им го земе и пиштолот
Српскиот државјанин Д.М.(49) е уапсен во Италија кога се обидел да избега при редовна полициска контрола, а потоа нападнал полицајци кои се обиделе да го легитимираат.
– При редовна контрола во Виченца, полицијата запрела Србин кој бил зад воланот на автомобил, по што му побарале документи – пренесува италијанскиот LaPiacaWeb и додава:
– По предавањето на документите, државјанинот на Србија бил вознемирен и чудно се однесувал, поради што полицаецот се посомневал, па побарале од него да се врати во автомобилот и да тргне со нив, за да го утврдат валидниот карактер на неговиот документ на станица.
Меѓутоа, Д.М., наместо да влезе во возилото, побегнал пеш, по што започнала потера.
Кога го стигнале полицајците, дошло до физичка пресметка, кога тој се втурнал кон полицајците и ги удирал со тупаници и нозе, а на крајот се обидел да му одземе оружје на едниот и да пука.
– За среќа, тој беше спречен во тој обид. Кога бил приведен во полициска станица, се испоставило дека тој веќе бил уапсен и дека по него е распишана потерница за издржување затворска казна за кражба – пренесуваат италијанските медиуми.
По натамошниот увид било констатирано дека во неговиот стан Србинот крие две лица, исто така државјани на Србија, кои нелегално престојувале во Италија и на кои по пронаоѓањето им е дадено рок од седум дена да ја напуштат Италија или ќе бидат депортирани.