Свет

Москва сака да верува дека односите со Вашингтон не се влошени за да може да ескалира до нуклеарен конфликт, вели Антонов

Москва сака да верува дека односите со Вашингтон не се влошени за да може да ескалира до нуклеарен конфликт, изјави рускиот амбасадор во САД Антонов.

„Би сакал да верувам дека и покрај сите тешкотии, не се приближивме до опасниот праг да паднеме во бездна поради нуклеарен конфликт со Американците“, рече Антонов, пренесува Тас.

Тој додаде дека Русија е посветена на принципот дека не може да има победник во нуклеарна војна и дека тоа никогаш не смее да се случи. Рускиот дипломат истакна дека САД „практично уништија се што беше направено на полето на контролата на оружјето во претходните децении“.

На почеток