ЈП Стипион: Влезот во Штип не се наплаќа
ЈП Стипион преку социјалните мрежи информираат дека влезот во градот Штип не се наплаќа.
„На влезовите во градот Штип за Пастрамалијадата има поставено пунктови каде на сите посетители се делат флаери и се насочуваат возилата до места кои се предвидени за паркирани на возила и каде повторно има контролор кои ги организира возилата!
Влезот во нашиот град НЕ се наплаќа!!“, стои во соопштението.
Претходно на фејсбук страницата „Под Исарот“ денес беше објавено видео за кое се тврди дека е снимено на влезот на Штип. Под видеото стои дека на автомобилите кои влегуваат во градот им се наплаќа од 80 до 100 денари за влез.
(ВИДЕО) Возачи плаќаат од 80 до 100 денари за влез во Штип, не се знае кој ја врши наплатата