(ВИДЕО) Возачи плаќаат од 80 до 100 денари за влез во Штип, не се знае кој ја врши наплатата
На фејсбук страницата „Под Исарот“ денес беше објавено видео за кое се тврди дека е снимено на влезот на Штип. Под видеото стои дека на автомобилите кои влегуваат во градот им се наплаќа од 80 до 100 денари за влез.
„Внимание
На влезо на Штип се наплаќа од 80 до 100 денара влез“, стои во описот на видеото.
Корисник на фејсбук реагираше во врска со овој случај. Тој вели дека наплатено им било само на автомобилите кои немале штипски регистарски ознаки.
„За влез у Штип кај Лук Оил редари ти наплаќат 80 денара доколку не си со “ST” таблица?
Дири и доколку си транзит, пак ти наплаќат!
Штипски возила се пропуштат?
Да објасне некој правник:
Дали право на слободно движење смее да ти го оспоре неуниформирано лице?
Дали е во ред селективноста што ја прават?
Дали воопшто треба да му се застане на редар, (не на полицаец) на јавен пат?
Некој закон по кој може да го прават ова, или го прават зошто им се може“, стои во објавата.
Засега нема информации од надлежните лица кој ја врши наплатата.